| четврток, 6 декември 2018 |

Жаре и Климе против климатските промени! (ВИДЕО)

zare

Во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски прoмени, Милиеуконтакт Македонија организира Младински летен камп посветен на климатските промени. Кампот ќе се одржи во Извидничкиот камп „Крсте Јон” во Струга, од 21 до 27 август 2015.

Учесници на кампот ќе бидат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години, од десетте општини каде се спроведува овој проект: Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово -Ростуша, Прилеп и Делчево.

Кампот е дел од кампањата за подигнување на свеста кај граѓаните за климатските промени, за последиците што ги носат тие со себе и како подобро да се подготват и да се заштитат себеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top