| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи на кои секогаш треба да им кажувате „да!

срекни

Живејте го животот исполнето и искористете ја секоја шанса што ви се нуди, без разлика колку страшно и да изгледа истата, бидејќи повторно истата никогаш нема да ја добиете.

Понекогаш е многу тешко да се одбие нешто, без да почувствуваме вина, но морате да мислите на своето здравје- психичкото и физичкото.

Запомнете, со прифаќањето на овие работи се движите во вистинската насока:

1. Забави со многу танцување

Не постои ниту една добра причина зошто некој би одбил одење на забава на која ќе има добра музика, танцување, нови луѓе…

2. Наградни игри

Никогаш не знаете дали ќе освоите или не, некоја наградна игра. Но, сепак кажете им да на овие и пробајте си ја среќата.

3. Побарајте помош, кога навистина ви е потребна

Без разлика на тоа колку јаки се чувствувате, не можете секогаш да завршите се сами. Кога вашите пријатели се во неволја вие сте први кај нив, па дозволете им истото да го направат за вас.

4. Покана да погледнете видео со бебе или кученца

Или уште подобро: Видео во кое има и бебе и кученца. Кажете му „да”.

5. Кажете и „да“ на новата љубов

Немојте да се плашите да се впуштите во нова врска, само затоа што претходната не ви успеала. Со секоја личност градите нова приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top