Често се вели дека младоста е најубавото време од животот, но со годините луѓето стекнуваат поголемо искуство и мудрост, па дури и поголема радост. Така, една студија покажува како во животот постојат две потполно различни доба во кои луѓето се најсреќни.
До ова откритие дошол престижниот колеџ London School of Economics and Political Science, по спроведеното истражување на над 23 илјади Германци, на возраст од 17 до 85 години.
Испитаниците морале да одговорат на тоа колку се општо задоволни со својот живот и потоа да предвидат како би се чувствувале и колку би биле задоволни со својот живот за 5 години од сега. Истите луѓе потоа биле замолени повторно да учествуваат во анкетата, 5 години подоцна.
Резултатите довеле до интересни заклучоци. Имено, анализираните податоци покажале дека нашето ниво на среќа во животот се движи во облик на буквата „U“ помеѓу 20-тата и 70-тата година, со тоа што највисоката точка на среќа се достигнува во 23. и 69. година.
Истражувачите заклучиле и дека младите луѓе знаеле да го преценат нивото на своето идно животно задоволство, додека пак постарите го потценувале. Но животот е преполн со изненадувања, како добри така и лоши, па затоа сметаме дека оваа генерализација секако дека не одговора на сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.