Овие денови на социјалните мрежи кружи информација дека е откриен нов облик на наркотик, кој е мошне опасен бидејќи можете да го внесете во организмот, иако не сакате. За што всушност станува збор? Во Германија уште порано е присутна дрогата која се вика „кристал мет“, а истражувањата покажаа дека постојат голем број зависници од неа токму во оваа земја. Но, за да станат нештата посложени, во последно време се појави еден нов облик на оваа дрога, „добро спакуван“, со оглед на тоа дека станува збор за гумени бомбони. Како што пишува „Дојче веле“, станува збор за мошне опасен вид дрога која може да остави застрашувачки последици на организмот. Засега овој вид дрога ја „освојува“ само оваа држава и бројот на корисници во периодот од 2013-2015 значително се зголемил.
Наркотикот познат како „кристал мет“ има психоактивно дејство, ја забрзува работата на организмот, ја нарушува неговата работа, а честото консумирање доведува до оштетување на мозокот, до паѓање на забите и до забрзао стареење на организмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.