Шпанскиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи на Барселона Жерар Пике синоќа на реваншот во рамките од шпанскиот суперкуп против Атлетик Билбао, заработи директен црвен картон бидејќи го нападна помошникот судија изрекувајќи му погрдни зборови.
Искусниот дефанзивец дошол до линискиот судија и му се обратил со зборовите „Судија, да ти е*ам мајката к*рвинска“, како што тврди шпанскиот весник АС, по што веднаш заработи директен црвен картон.
This was why Pique was given red card. Man this was why. pic.twitter.com/9TaLhFRoCa
— Niko (@Nikomarvel) August 17, 2015
Безобразниот Пике Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, сега го очекува суспензија меѓу четири и 12 натпревари што ќе биде огромен хендикеп за Барселона ако се знае дека одбраната на тимот беше катастрофална во првите три меча од сезоната и прими вкупно девет гола. Стоперот сигурно ќе го пропушти мечот против истиот противник, Атлетик Билбао, в недела, во првото коло од Ла Лига, а ако добие максимална суспензија, би се вратил на терените дури во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)