Капитенот на Челси, Џон Тери се обиде да ја ублажи болката од тешкиот пораз во дербито на Премиер-лигата од Манчестер Сити, со тоа што си купи олдтајмер на „Ферари“, кој чини 1,5 милион евра.
Се работи за моделот „ферари 275“, кој се произведувал од 1964 до 1968 година. Со својата нова вредна играчка, Тери веднаш се пофали на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде што закачи фотографија од автомобилот, кој е навистина редок примерок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.