Патувачкото кино на „Македокс“ помина низ половина од селата во Дебарца (Дебрца) во кои се предвидени проекции на креативни документарни филмови. По Волино, Белчишта и Издеглавје, на 14 и 15 август платното го растегнавме во Мешеишта и на игралиштето кај стариот, и веќе разрушен, Задружен дом во селото Слатино.
Следните проекции на Патувачкото кино на „Македокс“ се во селото Ботун (17 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август).
Видеохрониките на Патувачкото кино можете да ги следите на видеоканалот на „Македокс“ на Јутјуб:https://www.youtube.com/watch?v=UhbBAJGU02Y
Автори на фотографиите се: Сашо Н. Алушевски и Сандра Јовановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.