| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши изградбата на палатата „Панко Брашнаров“ на плоштадот пред хотел „Бристол“ (галерија)

Заврши изградбата и уредувањето на палатата „Панко Брашнаров” на плоштадот пред хотел „Бристол“, објави „Скопје инфо“. Во моментов вработените во Службата за општи и заеднички работи на Владата и во Советот за радиодифузија се селат во новиот објект.

20150812_191520

Во објектот заедно ќе бидат сместени Службата за општи и заеднички работи и Советот за радиодифузија. АД за стопанисување со станбен и деловен простор ги има само шесте дуќани кои се на приземјето.

20150812_195643

Објектот е висок 29 метри, односно има приземје, осум ката и потпокрив. Автори на изгледот на зградата се Никола Стакинов и Жарко Чаушевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top