| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот караван на ДПМ посветен на книжевните великани

Кочо Рацин, Ацо Караманов, Блаже Конески, Гане Тодоровски и Анте Поповски се книжевните великани на кои Друштвото на писателите на Македонија ќе им оддаде чест во вториот дел од годинашниот циклус од 17 поетски каравани.

Истакнати македонски поети од различни генерации, во Велес, Радовиш, Кожле, Ѓорче Петров и на манифестацијата „Средба на генерациите“ во ДПМ и на Филолошкиот факултет во Скопје, во септември, октомври и ноември, со своите стихови ќе им оддадат почит на своите предходници, втемелувачи и сподвижници на развојните процеси на современата македонска литература.

Во рамките на годинашниот циклус поетскиот караван на ДПМ  гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип. Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Лазарополе, Демир Хисар, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на годината поетите на ДПМ ќе го продолжат караванот и во Крушево, Гевгелија, Куманово и Кавадарци. Циклусот поетски каравани Друштвото на писателите на Македонија го реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Во оваа манифестација учествуваат  90 поети од сите генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top