Родителите на 26- годишната Американка Кајли Милер, која била убиена од припадниците на ИСИС, соопштиле дека американските власти им кажале дека нивната ќерка била сексуална робинка на лидерот на таа група, Абу Бакр Ал Багадади, и дека пред ликвидацијата константно ја силувал.
Веста која ја објавила портпаролката на семејството Милер, a ја потврдил и еден американски службеник. Милер еден период била чувана во заробеништво од финансиерот на ИСИС, Абу Сајаф и неговата сопруга Ум Сајаф. Ал Багдади наводно лично ја довел во својот дом, каде подоцна константно ја силувал. Тој ја “земал” Милер за жена и ја присилувал на сексуални односи.
– Ни кажаа дека Кајли била злоставувана, дека била робинка на Багдади. Тоа властите ни го кажаа во јуни, потврдиле за ABC News родителите на Кајли, Карл и Марша.
Претставник на американските власти рекол дека ги добил овие податоци од неколку тинејџерки, припаднички на Јазидите, кои биле сексуални робинки и биле во заробеништво со Милер, чија смрт била објавена во февруари.
Кајли Милер била киднапирана во сирискиот град Алепо во 2013. година, а ИСИС тврди дека била убиена во јордански воздушен напад. Американците за нејзината смрт ја обвинуваат Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка