| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на поранешниот дечко на Карнеиро, таа имаше афера со фудбалер на Челси!

eva karneiro

По познатите случувања во првото коло од Премиер лигата кога менаџерот на Челси Жозе Мурињо влезе во конфликт со првиот доктор на тимот, Ева Карнеиро, масло на огнот долеа и поранешниот дечко на преубавата Ева.

Младиот дечко не можел да поверува како таа жена, во која бил вистински заљубен, му го уништила животот. Тој Ева ја опиша како страствена, немилосрдна и жена која добива сѐ што ќе посака.

– Таа е немилосрдна, секогаш на крајот стига до целта. Лудував по неа, дури планирав и семејство да изградиме. Но, таа ме излажа и ме плукна – вели разочараното момче.

Тој бил презадоволен од почетокот на врската. Ги запознал сите фудбалери, одел на натпреварите, се дружел со нив и приватно, но односите набрзо биле нарушени. Таа за да ја прекине врската дури и му признала дека имала афера со фудбалер на Челси.

– Секоја вечер фудбалерите ѝ се јавуваа да оди да им помогне. Таа одеше и беше отсутна. Се враќаше дома во раните утрински часови. Јас тоа не можев да го трпам и тука беше крајот – објаснува поранешниот партнер на Ева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top