| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска се исплаши, одби да игра со Македонија на турнирот во Каунас

Kosarka Makedonija Belorusija 03 (Custom)

Македонската кошаркарска репрезентација замина на турнир во Каунас, Литванија каде требаше да одигра три подготвителни натпревари за Европското првенство кое започнува во септември.
Противници на нашите репрезентативци требаше да бидат селекциите на Хрватска, Литванија и Турција. Од Литванија пристигнуваат вести дека „коцкестите“ во последен момент ја откажеле средбата со Македонија, меч превиден за првиот ден од спектаклот во Каунас.

Причина за ваквата одлука на „коцкестите“ е фактот што избраниците на селекторот Марјан Србиновски се меѓу противниците на организаторот на едната од прелиминарните групи од континенталниот собир.

raspored

Тоа значи дека Македонија непланирано утре ќе има слободен ден, Задутре ќе ги одмериме силите со Литванија (18.30 часот) додека в среда ќе се сретнеме со незгодната турска селекција (15.45 часот).
Избраниците на селекторот Србиновски во Литванија заминаа во комплетен состав, со неколку полесно повредени играчи. Костовски, Симоновски и браќата Стојановски се пожалија на полесни повреди, но лекарскиот тим уверува дека тие ќе бидат подготвени за новите искушенија кои следат за националниот состав.

По натпреварите во Каунас, Македонија патува во Шпанија каде на 22 август во Мадрид односно 25 август во Логроњес ќе ги одмери силите со селекцијата на Шпанија. По натпреварите во со „цревената фурија“ македонските репрезентативци патуваат во Рига на две „контролки“ со Летонија, за потоа да се вратат во Скопје на завршни тренинзи пред патувањето за Загреб на Европското првенство.

Македонија на ЕП е во групата Ц заедно со Хрватска, Словенија, Холандија, Грузија и Грција, против која на 5 септември го отвораме шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top