Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа прогласи синоќа вонредна состојба поради засилената активност на вулканот Котопакси, јави ТАСС.- Во последните неколку часа се засили вулканската активност, вчера тој исфрлаше пепел… а од денеска изутрина од вулканот почнаа да излегува смеса од вулкански гасови, пепел и камења- рече синоќа Кореа.
Прогласувањето вонредна состојба им дава поголеми можности на властите да ги мобилизираат финансиските ресурски во случаи на ерупција.
Кореа рече дека се евакуирани жители од неколку населени места до вулканот, кој се наоѓа на околу 70 км јужно од Кито.
Меѓународниот аеродром „Котопакси“ е времено затворен.
Котопакси е еден од највисоките активни вулкани во светот и е популарен меѓу туристите. Последен пат тој еруптираше вп 1940 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.