| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар се пласираше во финалето на турнирот во Кањижа

vardar

Ракометарите на Вардар се наоѓаат на подготвителен турнир во Кањиза и рутински ги одработуваат натпреварите. Вчерашниот дуел со Партизан ја најави сета силина што ја имаат избраниците на Раул Гонзалес. Во денешниот дуел кој знаечеше и пласман во финалето црвено-црните ја победија словенечката екипа Горење Велење со 30-24.

Ова беше само уште еден полесен тренинг за „црвено-црните“, кои по осум минути игра поведоа со 5-1, одржувајќи ја позитивата до самиот крај. На полувреме резултатот гласеше 16-8, а само поради опуштањето во редовите на македонскиот првак Словенците успеаја да се изборат за нешто попристоен пораз, изразен со „само“ шест гола разлика.

Тоскиќ беше најефикасен во таборот на Вардар на оваа средба со шест гола, пред Шишкарев со пет и Филип Лазаров со четири погодоци. Вардар настапи со најсилнот состав кој го има на располагање стручниот штаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top