Добри вести пристигнаат од македонскиот национален состав во кошарка откако на четвртиот пријателски натпревар што го одигра Македонија против Венецуела во Гевгелија еден од поискусните кошаркари, Дамјан Стојановски се пожали на повреда на коленото. Тој ја напушти клупата во текот на натпреварот и не го доигра мечот, па се стравуваше дека можеби има посериозна повреда токму на тоа колено кое му е оперирано поради скинати предни вкрстени лигаменти.
Веднаш се преземи сите мерки за санирање на повредата и констатирано е дека таа не е од посериозен карактер. Селекторот Србиновски ќе ги има на располагање сите репрезентантивци на за престојните натпревари во Литванија, против домаќинот, репрезентациите на Хрватска и Турција.
Македонската репрезентацијата доцна вечерва патува за Каунас каде ќе ги продолжи подготовките за престојниот Европски шампионат што нашта репрезентација своите натпревари ги игра во групата во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.