Имигранти од Блискиот исток денеска се судрија на железничката станица во Гевгелија при влегувањето во возот на линија Гевгелија – Табановце, кој оди од Македонија до српска граница, објави Танјуг.
По каснењето на возот кој требало да тргне уште во 10 часот, над илјада имигранти се тепале за место во возот и притоа полесно се повредени неколку луѓе. Имигрантите на репортерите на Танјуг им изјавија дека морале да влезат во возот зошто само така можат да го продолжат патот кон земјите од западна Европа.
Со викање, туркање, удирање и закани со мотики и ножеви, најбрзите и најсилните успеале да влезат, а најлошо поминале оние со малите деца. Возот се уште не тргнал, зошто се чека железничарите со граничната полиција да симнат дел од нив поради безбедност на возот.
Во метежот е скршен и еден прозорец од возот. Возењето од Гевгелија на грчко- македонската граница до Табановце чини 10 евра по лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Трамп ќе им даде државјанство на 1,8 милиони имигранти
-
Бугарин го фати крстот во Гевгелија