Доколку сметате дека ви фалат неколку килограми да ослабете за да ја облечете посакуваната венчаница тука е Данската дитета со која ќе ослабете од 7 до 20 килограми!
Диетата трае 13 дена и е прилично тешка, но докажано ефикасна. Не станува збор за типична диета, туку повеќе е начин да се поттикне организмот побрзо да ги согорува мастите и да го исфрла вишокот на течности, и токму поради тоа диетата продолжува да делува и по завршувањето на програмата од 13 дена. Ако правилно се придржувате на диетата можете да го изгубите вишокот на телесни маснотии и тоа, во зависност од почетната тежина, во распон од 7 па до неверојатни 20 кг!
Напомени:
● Планот за исхрана мора да се следи точно 13 дена и мора да се придржувате до намирниците и оброците како што се наведени. Не треба да се консумира ништо надвор од листата.
● Ако во текот на диетата, на пример, испиете едно пиво или чаша вино, џвакате гума за џвакање или јадете некоја храна која што не е наведена, морате веднаш да ја прекинете диетата бидејќи нема да имате никакви резултати. После тоа диетата може да се повтори дури по 6 месеци, никако порано.
● Ако правилно сте ја издржале диетата, точно 13 дена, не треба да ја повторувате најмалку една година, но се препорачува да не ја повторувате во следните две години.
● Кога ќе почувствувате глад напијте се вода (најмалку 2 литра дневно).
● Кафето може да се замени со чај.
● Морате да користите шеќер во коцки, како што е наведено.
● Скоро секој ден се јаде посебна салата така што можете да ја подготвите и за неколку денови однапред.
Салата
● Исечете: 1 килограм моркови, 1 кг. бела зелка, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 праз.
● За прелив: 1 дл. масло, 1/2 дл. јаболков оцет, 1/2 лажичка шеќер, 1/2 лажичка сол.
Измешајте ги убаво сите состојки и прелијте ги преку салатата. Оставете да отстои еден час. Промешајте повремено. Салатата можете да ја чувате во соодветен пластичен сад во фрижидерот, најмногу до една недела. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половината од горе наведената количина.
Распоред за исхрана
● Ден 1
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат
Вечера – 1 голема шницла (230 гр.), салата
● Ден 2
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 парче шунка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата
● Ден 3
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
● Ден 4
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење
● Ден 5
Појадок – 1 голем изрендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба (бакалар, шкарпина, околу 230 гр.) со лимон и малку путер
Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер
● Ден 6
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, една голем изрендан морков
Вечера – пилеши стек на скара, салата
● Ден 7
Појадок – 1 шолја чај без шеќер
Ручек – НИШТО
Вечера – 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје
● Ден 8
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
● Ден 9
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 големо парче шунка, 1 шолја јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата, овошје
Ден 10
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
● Ден 11
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење
● Ден 12
Појадок – 1 голем изрендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер
Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер
● Ден 13
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
Ручек – 2 варени јајца, една голем изрендан морков
Вечера – стек на скара, салата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.