Кувајтски активист за човекови права е осуден на две години затвор затоа што напишал порака преку Твитер со која го навредил шеикот.
Директорот на кувајтската организација за човекови права Мохамед ал Хумаиди соопштил дека тамошниот суд осудил онлајн активист на казна затвор од две години затоа што го навредил шеикот Сабах ел Ахмад ел Џабер ел Сабах. Осудениот Хамеда ал Халеди има право на жалба.
Кувајтскит власти по арапската пролет значително ги зајакнале контролите на пораките што се праќаат преку социјалните мрежи кои се сметаат за навредливи за лидерите или претставуваат закана за државната безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


