| четврток, 6 декември 2018 |

Објавено видео од срамното однесување на Мурињо кон лекарката на Челси

murinjo

По инцидентот на првиот натпревар од новата сезона, Жозе Мурињо ја исфрли лекарката Ева Карнеиро од првиот тим на Челси. Лекарката не смее да се појавува ниту на тренинг, но останува во клубот и ќе работи со играчите од првиот тим во кампот на премиерлигашот. Португалскиот менаџер на лондонскиот клуб се најде на удар на навивачите и на медиумите на островот поради срамното однесување кон клупската лекарка.

– Таа воопшто нема чувство за фудбал. Сите на клупата, дали се играчи или лекари, мораат да знаат во која ситуација е клубот и да ја препознаат. А тоа не го направија. Наивно истрчаа во помош на Хазард, а ние веќе имавме играч помалку – бесно објаснува Мурињо.

Челси погреши на стартот на сезоната играјќи 2-2 против Свенси. Во завршницата на мечот Хазард заврши на тревата, а лекарската служба на Челси побрза на теренот да му укаже помош. Мурињо знаел дека Хазард ќе мора да излезе од игра и да чека дозвола од судијата да се врати во игра, додека Челси ќе треба да се брани со девет играчи затоа што претходно бил исклучен уште еден играч.

По инцидентот на интеренет се појави видеоснимка од почетокот на неговото дивеење и врескање кон лекарката, до нејзиниот одговор кон Посебниот.

Шпанскиот весник Марка пишува дека Португалецот при караницата ја опцул Карнеиро. Притоа весникот заклучува дека Мурињо згрешил од две причини. Прво, затоа што ја казнил лекарката, која не направила ништо погрешно. Физиотерапевтот Џон Ферн прв влегол на повикот на судијата Мајк Оливер, а по него и Ева Карнеиро.

Второ, поради неговото простачко однесување, во овој случај кон лекарката, чијашто мајка ја нарекол „курва“! 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top