Триесет и шестгодишниот Еритреец, кој е осомничен за убиството на две лица во салонот на ИКЕА во шведскиот град Вестерос, призна дека го извршил кривичното дело, информира денеска неговиот адвокат Пер-Ингвар Екблад, цитиран од француските меидуми.
Мажот ги призна убиствата, пренесе шведската информативна агенција ТТ, повикувајќи се на адвокатот.
Во одделот за кујнски елементи на салонот во Вестерос во понеделникот беа избодени 55-годишна жена и нејзиниот 28-годишен син, кои дошле од градот Шелефтео, потсети ТАСС.
Еритреецот беше фатен на местото на нападот со тешка рана и денеска конечно излезе од кома. Тој ќе остене во болница, а правосудните органи наредија да биде уапсен за убиство со умисла.
Другото лице, 23-годишен Еритреец, кое бил приведен од автобуска станица веднаш по убиството и кој бил осомничен за соучесништво, денеска е ослободен. Од самиот почеток тој негирал дека има нешто заедничко со настанот.
Шведскиот весник „Афтонбладет“ вчера соопшти дека камерите за видео надзор во салонот снимиле како 36-годишниот маж зема два ножа од одделот за кујнски елементи на само неколку секунди пред убиството и како им ги нанесува смртоносните удари на двете жртви, а потоа самиот се избодува во стомакот.
Според информации на локалните медиуми, на денот на убиството имигрантот бил информиран од имиграциската служба дека неговата молба за добивање азил во Шведска му е отфрлена.
Жртвите и напаѓачот воопшто не се познавале, потврдија извори на полицијата.
Во Шведска живее заедница од околу 18.000 имигранти од Еритреја, кои избегале од автократскиот режим и сиромаштијата во својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



