| четврток, 6 декември 2018 |

Де Мезиер: Неприфатливо е што голем дел од азилантите во Германија се имигранти од Балканот

Brandenburg to renovate asylum facility
Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, изјави дека е „поразно и неприфатливо“ за Европа тоа што голем дел од азилантите во Германија се имигранти од Балканот, пренесоа француските медиуми.Де Мезиер подвлече дека статусот на кандидати за азил е почитуван за лицата кои се подложни на мачења во нивните земји.

Во Германија во првите седум месеци од годината од вкупниот број на лица кои бараат азил дури 40 проценти се луѓе од Балканот, објасни министерот при посетата на прифатниот центар во Ајзенхјутенштат, во кој се сместени 2 249 азиланти.

-Ова е неразбирливо, неприфатливо и поразно за Европа затоа што овие луѓе го обременуваат системот кога се зголемуваат барањата за азил од земји во конфликт- посочи Томас де Мезиер.

Германија е исправена пред значителен доток на имигранти, меѓу кои голем број се од Косово, Албанија или Србија. Овие имигранти, кои бараат подобар живот и работа во Германија, не можат да добијат статус на бегалци што им се дава на лицата зафатени од војни или подложни на мачења во своите татковини.

Според министерот, треба да се донесе брзо решение оние кои имаат потреба да бидат заштитени, не само да можат да останат, туку да бидат и целосно интегрирани, а оние кои немаат потреба од заштита да имаат достап до праведна и брза процедура и потоа  да ја напуштат земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top