Без капацитет и волја за соочување со реалните потреби и проблеми на граѓаните, опозицијата креира вештачки кризи и тензии со обвинувања, црни кампањи, бомби и навраќање на банални теми, кои немаат допирна точка со проекти и програми.
СДСМ, очигледно, не може да го следи темпото на ВМРО-ДПМНЕ, кое е насочено кон реализација на проекти и комуникација со граѓаните, па затоа, се труди да ја манипулира јавноста со неважни теми и продавање на лаги и илузии.
Во пресрет на претстојните парламентарни избори во април 2016 година, паралелно со објавената анкета на реномираниот американски републикански институт ИРИ, според која ВМРО-ДПМНЕ ужива двојно поголема поддршка од граѓаните наспроти СДСМ, се погласни се и тврдењата од страна на опозициските стручњаци дека СДСМ го нема капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ и дека опозицијата не може да го следи темпото што го има наметнато владејачката партија.
Еден од опозициските стручњаци, Петар Арсовски, кој е редовен гостин на опозициските медиуми и медиумите под контрола на Сорос, нагласува дека СДСМ нема капацитет да го следи темпото на ВМРО-ДПМНЕ.
-Што се однесува до опозицијата, овој период ќе биде обележан со повеќе активности, вклучувајќи од септември, оваа година. Тие и неможат да го следат темпото ниту го имаат капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ – вели Арсовски.
Со оваа изјава, опозицискиот стручњак Арсовски јасно става на знаење на целокупната македонска јавност дека СДСМ нема капацитет и дека нема сериозна политичка понуда.
За непоседувањето на сериозна политичка понуда и немањето на програма и концепт со кој СДСМ би излегол пред граѓаните, пред извесен период, исто така, за опозициската „Телма“ говореше и новинарот Васко Ефтов, според кој СДСМ и Заев продаваат илузии на граѓаните а Заев со неговото однесување се однесува како давеник во море.
– СДСМ нема што друго да прави, и Заев во моментов, освен да продава илузии дека сигурно победува и дека ова ќе ја скрши Владата на Никола Груевски. Бидејќи сега знаете тој се наоѓа како во море, има толку отпливано од брегот што неможе да се врати на брегот -вели Ефтов.
Овие изјави на Арсовски и Ефтов се само дел од мноштвото на изјави дадени од страна на експерти блиски до СДСМ и новинари, а кои јасно говорат за моменталната мат позиција во која се наоѓа опозициската партија.
Со ова уште еднаш само се потврдува дека СДСМ во состојба на безидејност, недостаток од програма, проекти и кадровски потенцијал и капацитет, се обидува преку дворски игри, местенки и продавање на лаги и манипулации да се обиде да го подобри својот слаб рејтинг.
Стратегијата што СДСМ предводена од Заев и Шекеринска ја спроведува во овој период е погубна за самата СДСМ и членството на СДСМ, од причина што целокупната експертска јавност е согласна дека сите изминати изборни циклуси, претставуваа јасен доказ дека граѓаните во Република Македонија својата поддршка ја даваат за идеи и проекти а не за продавање илузии, местенки и создавање кризни ситуации. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од македонските граѓани наспроти поддршката за СДСМ.
Заев наместо меѓу народот продолжи со неговата салонска политика и црна кампања. Меѓу другото, познавачите на опозицијата и состојбите таму тврдат дека тоа е резултат и на стравот кај СДСМ од слабиот одзив на граѓаните при нивни теренски активности, што пак не е случај при активностите кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ кои се проследени со многу народ и одобрување при промовирање и реализација на теренските проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.