Француски археолози откопаа 35 минијатурни пирамиди во Судан. Пирамидите се стари повеќе од 2.000 години и ги откри една група француски археолози. Некои од нив не се повисоки од еден метар. Изградени се од цигли, а досега е откопана само една четвртина. Не некои места се толку густо поставени, така што не може да се мине меѓу нив. Некрополата со минијатурни гробници зафаќа простор од 40 хектари и таму има околу 1.000 гробници.
Археолошките истражувања траеја повеќе од три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.