Жозе Мурињо не ги познава правилата за бебзедност и сигурност на теренот и за фудбалерите и сигурно ќе го загуби евентуалниот судски процес со докторката на „Челси“, Ева Канеиро, ако дојде до судска разрешница, тврдат британските медиуми.
„Португалецот често ги крши правилата, веројатно голем дел од нив и не ги знае, а патем се однесува како диктатор и ги става настрана чесниот кодекс на однесување, само за да оствари резултат. Ако дојде до судска разрешница, Канеиро сигурно ќе го добие случајот“, пишуваат британските новинари.
Мурињо побара да ја отстранат атрактивната докторка од клубот, само поради тоа што влезе на теренот да му помогне на Еден Азар на натпреварот со „Свонси“. „Челси“ не успеа да победи и одигра 2-2, па цехот го плати Ева.
Португалецот го занемарил фактот дека судијата Оливер побарал од физиотерапевтот и од докторот на „Челси“ да влезат на теренот и да му помогнат на Азар. Тоа значи дека Ева Канеиро не погрешила, како што обвинува Мурињо, и е во право. Патем, поголемиот дел од симпатизерите на фудбалската игра го осудија гестот на тренерот на „Челси“, а атрактивната докторка добива огромна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.