Европската комисија внимателно ја следи состојбата на грчкиот остров Кос и ако побара грчката vлада, Комисијата е подготвена да даде поддршка, изјави портпаролот на Европската комисија Наташа Бертуд.
Таа информира дека комесарот на ЕУ за миграции, Димитрис Аврамопулос е во постојан контакт со грчките власти.
– Ако Грција има потреба од дополнителна помош, Комисијата ќе ги испита соодветните барања – рече Бертуд и потсети дека преместувањето на 16.000 лица што побарале азил во други европски земји, веќе е договорено.
Таа, исто така, рече дека на Грција ѝ е понудена техничка помош и најави дека за ефективноста на регулативата Даблин 2 ќе се дискутира во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово