| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК ѝ нуди помош на Грција за eмигрантите на Кос

­ Европската комисија внимателно ја следи состојбата на грчкиот остров Кос и ако побара грчката vлада, Комисијата е подготвена да даде поддршка, изјави портпаролот на Европската комисија Наташа Бертуд.

imigranti-vrakjanje

 

Таа информира дека комесарот на ЕУ за миграции, Димитрис Аврамопулос е во постојан контакт со грчките власти. ­

– Ако Грција има потреба од дополнителна помош, Комисијата ќе ги испита соодветните барања – рече Бертуд и потсети дека преместувањето на 16.000 лица што побарале азил во други европски земји, веќе е договорено.

Таа, исто така, рече дека на Грција ѝ е понудена техничка помош и најави дека за ефективноста на регулативата Даблин 2 ќе се дискутира во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top