| четврток, 6 декември 2018 |

Вончоп збесна па изеде ќотек (видео)

von

Најдобриот фудбалер во историјата на Костарика, Паоло Вончоп, предизвика инцидент на мечот на националните селекции за играчи до 23 години меѓу Панама и Костарика и потоа го извлече подебелиот крај.

Вончоп е селектор на Костарика и од трибините го следеше натпреварот, а наеднаш збесна и го турна детето пред себе. Потоа почна тепачка со еден од луѓето од обезбедувањето за да, на крајот, изеде и ќотек од него.

Вончоп имаше прекрасна кариера и настапуваше за реномирани клубови од калибарот на Вест Хем, Манчестер сити, Малага…, а од почетокот на оваа година е именуван за селектор на Костарика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top