| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерка загина скокајќи „банџи“

bandjiТинејџерка од Холандија загинала додека скокала „банџи“ од вијадукт во близина на Сантандер, во северниот дел на Шпанија, пренесува „Би-би-си“.

Седумнаесетгодишната девојка паднала од височина од речиси 40 метри во суво корито од река. Таа престојувала во сурферски камп со група млади од Холандија и од Белгија.

Засега не е позната причината за несреќата, а холандската полиција соопштила дека веројатно станува збор за невнимателност.

Во слична несреќа минатиот месец почина и британската туристка Клејо де Абро, кога скокала „банџи“ од мост во Гранада, на југот на Шпанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top