| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски ги посети драчевчани

Коце Трајановски, кандидатот за градоначалник на Скопје кој се бори да го свои вториот мандат како прв татко на градот, денеска заедно со Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалничката на скопската општина Кисела Вода ги посетија жителите на Драчево.

koce1

За време на средбата со жителите на Драчево, Трајановски и Беличанец Алексиќ разговараа за нивните проблеми, притоа презентирајќи дел од реализираните проекти во нивните населени места и Општината Кисела Вода, како и за проектите кои ќе се реализираат во наредните 4 години. Најголемо внимание кај жителите предизвика проектот за продолжување со реконструкција и проширување на улица “Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) кон населеното место Драчево.

Трајановски им се заблагодари за поддршката дадена за него и советничката листа на Градот Скопје и побара поддршка во вториот изборен круг и гласањето на 7-ми април за да продолжи реализацијата на делата и проектите за Скопје и Кисела Вода.

Во текот на денот Трајановски ќе оствари средби и со жители и на други населени места во Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top