Водечкиот ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар „Баракуда фх“ ја избра Република Македонија за своја идна инвестициска дестинација.
Преку соопштение објавено на компанискиот веб сајт е официјализирана одлуката на компанијата за проширување на своите деловни активности во земјава.
Во конкуренција на повеќе првично селектирани земји и како резултат на упорната работа и заложби на владиниот економски тим за реализација на овој проект предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик директорот на Инвест ин Маседониа, Климент Шекеровски, Македонија е избрана како најповолна дестинација која совршено се вклопува во идните развојни планови на „Баракуда фх“ која набрзо се очекува да отпочне со активности за отворање на центар за истражување и развој во земјава што ќе значи и можност за вработување, обука и доусовршување на домашен кадар од информатичките науки во реномирана компанија.
Според вицепремиерот Пешевски задоволството од успехот да се привлече ваква респектабилна компанија која доаѓа од земја која што е успешен пример за привлекување на странски инвестиции е огромен и е последица на макотрпна работа, низа владини реформски проекти и континуиран ангажман за креирање севкупен поволен деловен амбиент во Република Македонија и негување долгорочно партнерство со бизнис заедницата.
-Станува збор за компанија лоцирана во Даблин и која за нас како земја е особено значајно што станува дел од македонското бизнис семејство имајќи во предвид декa соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а воедно е носител на престижни интернационални награди и признанија за достигнувањата во своето поле на делување. Се надевам дека влезот на „Баракуда фх“ ќе биде поттик и за други компании од Ирска коишто ќе го следат нивниот пример, а ние остануваме посветени на креирање нови можности и отворање нови перспективи за македонските граѓани– изјави Климент Шекеровски, кој што беше активно вклучен во проектот од самиот почеток кога беше воспоставен иницијалниот контакт со компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме