Најубавата хрватска кошаркарка, Антонија Мишура по десет годишната врска со своето момче го кажа судбоносното „да“.
Дваесет и шест годишната Антонија и нејзиното момче Марко Сандриќ (27) се венчаа во родниот Шибеник. Парот се познава одамна, заедно пораснале, а со тек на времето пријателството прераснало во љубов.
Антонија пред три години изјавила дека во брак се гледа со Марко и дека сака да има две деца.
Мишура се смета за една од најубавите жени во светот на спортот. Таа е прогласена на најубава спортистка на Олимписките игри во Лондон 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.