| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ поднесе повеќе од 100 тужби до Управниот суд

Коалицијата Сојуз за иднината предводена од СДСМ денеска соопшти дека поднела повеќе од 100 тужби до Упрвниот суд за првиот круг од локалните избори.

Очекуваме Управниот суд да покаже висока професионалност и независност во одлучувањето по тужбите, да пресудат ослободени од политички притисок, водејќи се единствено според уставот и законите. Управниот суд, како последна инстанца, ја има целата одговорност со законски одлуки да ја исправи политичката неправда на мнозинството на ВМРО ДПМНЕ во ДИК. Составот на ДИК се менува, доаѓале и ќе доаѓаат различни претставници на политички партии, но судиите на Управниот суд имаат траен мандат кој треба да го оправдаат со своето совесно и законито работење, изјави Ана Павлова Данева од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top