| четврток, 6 декември 2018 |

Берни Еклстон оставил 1.200 евра бакшиш во Хрватска

Првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон ја воодушеви хрватската јавност, кога во кафуле во кое ја чекал сопруга од шопинг, остави бакшиш од 1.200 евра.

– Берни е наш чест гостин и обично ми остава сто до триста евра бакшиш. Сепак, сега беше многу дарежлив, рече келнерот Бруно Перковиќ (21), кој рекордниот бакшиш го подели со коелгите.

Еклстон претстојува во Хрватска со сопругот Фабијана, додека таа била на шопинг, тој влезе во кафаната „Капо“ и нарача салата и пиво.

Сметката изнесуваше околу 100 куни (околу 13 евра), а Екслтон (84) на келнерот оставил 1.200 евра бракшиш, пишува „24sata.hr“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top