| четврток, 6 декември 2018 |

Бакшишот се броел до доцна во ноќта: Сања Ристеска ја „осиромаши“ Америка (фото)

Додека во Македонија српските и хрватските пејачи растураат со големите хонорари, ретко кој од нив е под 10 илјади евра, во исто време преку Големата бара, растураат нашите во македонската дијаспора. Така неодамна, за време на Новогодишните и Божикните празници, концертно а, со тоа и финансиски најдобро поминала фолкерката Сања Ристеска, пишува дневниот весник Вечер.

Таа заедно со неколкумина наши естрадни ѕвезди, меѓу кои и Благоја Грујовски, Наум Петрески, Митко Бежаноски добро заработиле во САД. Тие што биле на нејзините настапи не жалеле пари за бакшиш, што може да се види и на фотографиите. Најмногу се китело со американски долари, а еден нашинец искоментирал: „Сање, сите пари им ги зеде на човеците”!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top