| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Сити сака да го доведе Де Брујин пред дербито со Челси

Англискиот вицешампион Манчестер Сити ќе се обиде до крајот на неделава да доведе уште едно суперзасилување во своите редови по славите резултати кои ги прикажаа избраниците на Мануел Пелегрини.
Тоа ги натера челниците на „граѓаните“ да ги интезивираат преговорите со најдобриот играч во Бундес лигата за минатата сезона, играчот на Волфсбург, Кевин Де Брујин.
Волфсбург не сака да попушти и упорно инсистира на отштета од 60 милиони евра за нивниот најдобар играч и поранешен фудбалер на Челси.

Последните информации од „островото“ се дека Сити се согласил да ја плати и оваа сума од кои 50 милиони веднаш по комплетирањето на трансферот, а останатите 10 преку бонуси до крајот на сезоната.

„Граѓаните“ вечерава ја започнуваат новата сезона во Премиер лигата со дуелот против Вест Бромвич Албион, а целта на Пелегрини е да го доведе Де Брујин до крајот на оваа недела со цел белгискиот репрезентативец да може да настапи на дербито против Челси што се игра следниот викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top