| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски го подобри својот ранг

TomislavJotovski
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да го подобри својот пласман на АТП листата (промена се врши во понеделник) и сега се наоѓа на 559 место со 58 поени. Јотовски има скок од 22 места пред се како резултат на финалето на фјучрсот минатата недела во Тунис. Во следниот период до средината на септември тој нема обврска да „брани“ поени што значи дека секој добар резултат ќе му носи нови поени. Тоа може да биде шанса да го надмине својот најдобар ранг 510 место.

Од другите македонски тенисери Димитар Грабул е на 894 место, Бесир Дургути е рангиран на 1.241 место, Стефан Мицов е 1.385-ти, Шендрит Деари се наоѓа на 1.490 место, а Бојан Јанкуловски е 1.553-ти.

Според најавите Јотовски оваа недела е пријавен за настап на уште еден фјучрс турнир во Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top