Петнаесет илјади евра изнесува штетата на железничката пруга Скопје-Тетово-Кичево во деловите што беа зафатени со невремето пред четири дена, покажуваат првичните проценки на Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура.
ЈП МЖ Инфраструктура денеска соопшти дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.
Невремето во тетовскиот регион кај делот на Поројска Река го отежна нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево. Обилните наноси на камења, земја, дрвја и калн предизвикаа неколку часовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров–Кичево, неполни два километра пред Тетово.
Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно беше отстранет големиот нанос од камења, земја, дрвја и кал и сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше со намалена брзина од дозволената, се вели во соопштението од ЈП МЖ Инфраструктура
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.