Авганистанските безбедносни сили месечно губат по 4.000 свои припадници, кои се или жртви на воени судири или пак дезертираат, изјави американскиот генерал Џон Кембел, командант на меѓународните сили во оваа земја.
Според генералот, армијата и полицијата на Авганистан ќе бидат попривлечни за нови кандидати, доколку се подобрат условите.
– Војниците и полицајците се борат против бунтовниците веќе две или три години без одмор, не ја добиваат потребната храна и немаат добра можност за обуки – истакна генералот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.