| четврток, 6 декември 2018 |

И Бекам може како Мичка Илиевски (видео)

Милан Илиевски направи прекрасен потег во 112. минута и со долг пас со надворешна компјутерски го погоди Кире Маркоски, а напаѓачот на Работнички итро ја искористи грешката на Киврак и на Каванда и ја затресе мрежата на Трабзонспор за големо славје на Работнички и пласман во плејоф рундата за пласман во фазата по групи во Европа Лигата.

ilievski

Популарниот Мичка е познат во македонскиот фудбал по силниот удар, прекрасните долги пасови и беспрекорниот центаршут, но овојпат се надмина себеси.

Го споредуваат со Дејвид Бекам, а на социјалните мрежи се постираат моменти од најдобрите асистенции на англиската легенда и пасот на Илиевски во Трабзон. И секако има и одлична шега во стилот „И Бекам може како Мичка“.

Погледнете ја феноменалната асистенција на Илиевски во 112. минута на реваншот и уште еднаш уживајте во голот на Кире Маркоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top