По многу озборувања, раскини, смирувања, холивудската миленичка Џенифер Анистон, конечно, се омажи. Во средата, далеку од очите на јавноста актерката се венча со Џејсон Теру, со кого беше свршена три години.
Венчавката се одржала во нивниот дом во Бел Ер вреден 22 милиони долари, па затоа и бројот на гости бил намален.
Сосема очекувано, деверица била нејзината долгогодишна колешка и пријателка Кортни Кокс.
На свадбата присуствувале 75 гости, меѓу кои Лиса Кудроу, Емили Блант, Елен Деџенерис, Џими Кимел и уште десетици добро познати имиња.
По неуспешниот брак со Бред Пит, кој пред 10 години ја остави поради Анџелина Џоли, Анистон имаше проблеми за да го најде својот партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.