Оригинална казна за двајца германски хулигани изрече судијката Карин Јунг, а се работи за таканаречени навивачи на второлигашот Минхен 1860.
Тројца симпатизери на овој клуб нападнале еден навивач на локалниот ривал Баерн Минхен и му ги украле спортските реквизити и дресот на баварскиот гигант.
Јунг се одлучи за оригинална казна и наместо да ги прати во затвор на 15 месеци им наложи на хулиганите да ја компензираат штетата. Двајцата навивачи на Минхен 1860 одбија да го посочат и третиот напаѓач во инцидентот, па мораа да одат во спортската продавница на Баерн да купат дрес и спортски реквизити и да му се извинат на нападнатиот симпатизер на Баерн. Сето тоа ги чинеше околу 700 евра, а казната е оригинална и судијаката Јунг е посочена како вистински пример на жена, која на интересен начин ја спроведе правдата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.