| четврток, 6 декември 2018 |

Врнежите во Тетовско предизвикаа големи штети и во земјоделството

тетово

Од завчерашните обилни врнежи огромни штети претрпеа и земјоделците, оцени денеска ресорниот заменик-министер Ванчо Костадиновски по денешната посета на тетовскиот регион.

Според првичните податоци и процената на жителите, како што рече, уништени се над 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка…, особено во Голема Речица.

– Состојбата е многу тешка и трагична. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите, кои навистина претрпеа големи загуби. И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна процена на штетите и како што беше владината одлука за ургентна помош од 30.000 денари за оштетените домови, ќе биде определена и помош за првична отштета на земјоделците од уништените парцели, како и уништената сточна храна, други посеви, стока – изјави Костадиновски.

Во Голема Речица, заменик-министерот посети ниви, ораници и други уништени земјоделски површини на жителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top