Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и во јужните делови од земјава, информираат од УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степен, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во следниот период времето во поголемиот дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Овие процеси повеќе се очекуваат на планините во западните и јужните делови од земјава кои нема да бидат интензивни. Температурата нема значително да се менува, највисока ќе биде во четврток, во интервал од 31 до 38 степени, додека за време на викендот ќе биде малку пониска, од 28 до 35 степени. Потоа, во почетокот на следната недела, повторно ќе биде во благ пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.