По вчерашните поплави, излеаните фекалии и комуналниот отпад по улиците на Тетово и Тетовско лесно мое да доведат до појава на заразни болести. За да се избегне ваквата ваква катастрофа, Владата препорача неколку мерки за заштита на населението.
Регионалните центри за јавно здравје треба секојдневно да ја контролираат исправноста на водата и за тоа по неколку пати во денот да го информираат населението во тетовскиот регион.
Директорите на градинките се задолжени да направат дезинфекција и чистење на санитарните јазли и просториите а работниците кои го расчистуваат теренот задолжително да носат гумени чизми и ракавици. При стомачни тегоби и температура граѓаните веднаш да побараат лекарска помош од матичниот лекар.
По повлекување на водата локалните власти треба секојдневно да ги мијат улиците а Центрите за јавно здравје да направат дезинфекција на подрачјата каде имало излеано канализациона мрежа.
Здравствените работници во Тетово мора да ја следат состојбата со појава на заразни заболувања и навреме да преземат против епидемиски мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?