Скопскиот градоначалник и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски денеска го посети Тетово. По силното невреме и поплавите што вчеравечер го зафатија градот и неговата околина, на терен интервенираа екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.
Вработените во јавните претпријатија „Водовод и канлизација”, „Комунална хигиена” и Противпожарната бригада на Град Скопје со механизација работеа на расчистување на сообраќајниците во Тетово и регионот, како и на чистење на атмосферските и фекалните мрежи.
– На терен екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се во постојана комуникација и координација со службите на единиците на локалната самоуправа од овој регион, како и со екипите на Центарот за управување со кризи, информира Град Скопје.
Град Скопје утрово во Тетово и регионот испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со последиците од поплавите. Штабот за заштита и спасување на Град Скопје испрати две цистерни за влечење вода и седум цестерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Комунална хигиена”, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода. Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од над 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?