Повеќе од 600 луѓе, од кои 500 пожарникари, денеска беа мобилизирани во гасењето на големиот шумски пожар во централна Португалија, пренесува ФЕНА.
Службата за цивилна заштита соопшти дека огнот е ставен под контрола.
Два авиона, еден хеликоптер и 200 возила учествуваа во гасењето на пожарот, кој од вчера попладне изби во Алваро.
– Постоеше закана пламените да се прошират на оддалечените куќи, што создаде паника меѓу населението, поради што е евакуирано – изјави портпаролот на пожарникарите, Руи Еставес.
Прогласено е предупредување од евентуални пожари во шест комуни во средна и во јужна Португалија. В0 2013 година од јануари до крајот на август во пожарите во Португалија се уништени повеќе од 94.000 хектари шума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.