| четврток, 6 декември 2018 |

Голем шумски пожар во Португалија

Повеќе од 600 луѓе, од кои 500 пожарникари, денеска беа мобилизирани во гасењето на големиот шумски пожар во централна Португалија, пренесува ФЕНА.

Portugal Wildfires

 

Службата за цивилна заштита соопшти дека огнот е ставен под контрола.

Два авиона, еден хеликоптер и 200 возила учествуваа во гасењето на пожарот, кој од вчера попладне изби во Алваро. ­

– Постоеше закана пламените да се прошират на оддалечените куќи, што создаде паника меѓу населението, поради што е евакуирано – изјави портпаролот на пожарникарите, Руи Еставес.

Прогласено е предупредување од евентуални пожари во шест комуни во средна и во јужна Португалија. В0 2013 година од јануари до крајот на август во пожарите во Португалија се уништени повеќе од 94.000 хектари шума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top