| четврток, 6 декември 2018 |

Фалсификувани изборите во Чаир – Меџити оди директно во втор круг

Државната изборна комисија ги прифати приговорите на ДПА за изборни неправилности на 13 гласачки места во општина Чаир. Откако членовите од Комисијата по тврдењата од ДПА дека има изборен фалсификат направи увид во гласачкиот материјал утврди дека на овие 13 места има изборни неправилности, јавува „Прес 24“.

Инаку во приговорите на ДПА беше наведено дека погрешни резултати биле впишувани во записниците. Правните претставници  на партијата тврдеа дека гласови од ВМРО – ДПМНЕ и ДПА биле ставани на контото на ДУИ, кое по пребројувањето се покажа како точно.

Согласно Изборниот законик нема прегласување на овие избирачки места туку директно се оди во втор круг

Бидејќи со ова му паѓа цензусот на Меџити, тој во  втор изборен круг ќе оди заедно со Мухамед Тачи, кандидатот од ДПА.

ДПА допрва ќе одлучи дали ќе покрене кривична одговорност за овој изборен фалсификат.

Инаку членовите на Комисијата речиси до раните утринските часови броеја гласачки ливчиња.

Почнаа со гласачкиот материјал од гласачкото место 2939, а потоа отворија уште пет кутии

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top