Смрт од срцев удар констатирала медицинска екипа по прегледот на мртвото тело на 46-годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево, за кого претходно беа пласирани извори дека се удавил во Охридското Езеро вчеравечер, соопшти СВР Охрид.
Безживотно машко тело синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Горица1“. Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“, информира СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



