Лидерските квалитети кои Ангела Меркел ги покажа за време на кризата со Грција, би и дале можност на нејзината партија да освои апсолутно мнозинство доколку во Германија следната недела има избори, покажа најновото социолошко истражување, цитирано од британските медиуми.
Резултатите од анкетата беа објавени еден ден откако списанието „Шпигел“ соопшти дека германската канцеларка решила да се кандидира за четврти мандат и дури веќе почнала да ја планира својата предизборна кампања за 2017 година.
Според истражувањето, објавено во весникот „Билд ам зонтаг“, Демохристијанската унија (ЦДУ) на Меркел и нејзината сестринска партија Социјал-христијанската унија (ЦСУ) би освоиле 43 проценти од гласовите.
Според социолошката агенција, која се повикува на 1.860 одговора на анкетираните, големата поддршка за ЦДУ се должи на тоа што за време на грчката криза, Меркел на германскиот народ му покажала дека е политичар на кого може да се смета во тешки ситуации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


